19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМерцедес Х класа пристигнува во 2018-та

Мерцедес Х класа пристигнува во 2018-та

mercedes x

Помеѓу Смарт и актуелната А класа постои солиден простор за уште еден автомобилски сегмент, а Мерцедес има намера тоа да го искористи. Новата класа би била развивана со помош на Алијансата Рено-Нисан и ќе ја добие ознаката Х, а на пазарот би се појавила во 2018-та година.

Како што пренесуваат некои медиуми, Мерцедес Х класата би ја делела платформата со следната генерација на моделот Рено Клио и би имала погон на предните тркала, како што е и кај А класата.

Иако на прв поглед се чини дека тоа би ги одбило љубителите на оваа марка, но новата Мерцедес класа јасно би се разликувала од францускиот модел, како со својот единствен дизајн, така и со квалитетниот ентериер и опрема.

За погонот би бил задолжен 1.0 литарски троцилиндричен мотор, како и 1.5 литарски четририцилиндрична единица. Со оглед на досегашната соработка на Мерцедес со Рено во областа на погонските системи, се очекува дека двата мотори ќе бидат дело токму на францускиот произведувач.

Во Мерцедес не би сакале нивната нова класа да има епитет на ефтин автомобил, но цената на основниот модел би морала да биде под 20.000 евра, што говори дека ова возило ќе се произведува во некоја од земјите со пониска просечна плата.

Мерцедес Х класата на пазарот ќе го дочекаат модели како Ауди А1 или можниот сличен концепт од ривалот БМВ, а покрај хеџбек во план е и кросовер модел.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП