17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на романот „Светулка“ од Мирјана Тренчева

Промоција на романот „Светулка“ од Мирјана Тренчева

muzej-mak-bor

Романот „Светулка“ на Мирјана Тренчева ќе биде промовиран денес во 19 часот во Музејот на македонската борба.

Најновото издание на Тренчева е двотомен роман кој претставува своевиден пресек на семејната и националната историја на авторот. Книгата е во издание на издавачката куќа Дијалог, а на промоцијата ќе се обратат Ефтим Клетников, Васил Тоциновски и Гордица Величковска.

Мирјана Тренчева е истакната македонска поетеса, романист и преведувач на филмски класици која во својот творечки опус има десетина поетски книги и две поеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП