27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗдружението на ликовни критичари ја додели наградата „Ладислав Баришиќ“

Здружението на ликовни критичари ја додели наградата „Ладислав Баришиќ“

ик

Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија по втор пат ја доделува наградата „Ладислав Баришиќ“ за Предлог истражувачки проект од областа на ликовната критика.

На отворениот повик распишан од 17-ти март до 1-ви мај оваа година се пријавиле шест проекти, а овогодишен добитник на наградата е истражувачкиот предлог насловен „Kолективното делување како политичка, а не организациска одлука“на авторите Ивана Васева и Филип Јовановски.

„Kолективното делување како политичка, а не организациска одлука“ е истражувачки проект кој се обидува да испита одреден аспект/карактеристика од македонската историја на уметноста во 20 век – поконкретно во втората половина на 20-ти век започнувајќи од 1945 година, но и да навлезе во најновата уметничка продукција во земјава – а тоа е идејата на колективното здружување на полето на уметничката продукција во различни уметнички групи со идеја да ја види моќта, потенцијалот и оттаму политичката релевантност на ваквите практики. Ова истражување запрашува дали колективното дејствување во уметноста отвора можности и размислувања кои не го таргетираат и поттикнуваат само уметничкиот развој и ескпериментирањето, со идеја за взаемен поттик и поддршка туку дали кај нас постојат здружувања кои можат да придонесат кон политичка промена преку уметничко дејствување и дали постојат уметнички колективи кои се стремат да креираат нови релации меѓу луѓето и нови односи во одредениот систем, кои ќе се разликуваат од претходните.

Трочлено стручно жири во состав Искра Гешоска(теоретичарка на културата), Лазо Плавевски(историчар на уметноста, ликовен критичар и куратор) и Јане Чаловски(ликовен уметник, куратор и пиблицист), по разгледувањето на доставените предлози за награден го одбра проектот на Васева и Јовановски заради третманот на две клучни нешта за нашиот социо-културен контекст кои не се доволно обработени, а се важни не само за современите визуелни практики туку за уметничките практики воопшто, a тоа се: бинарната корелација уметност – политика, односно уметноста како политичко артикулирање на светот, а со тоа како ризоматско ширење низ порите на творечката и општествената динамика, и присуството на здружувањата/колективите како суштинска појава во македонскат современа уметност.

Дополнителната важност на проектот „Kолективното делување како политичка, а не организациска одлука“ е што ќе се истражува мотивираноста е ефектите на уметничкиот колектив како микросоцијална, неинституционална заедница чијшто припадници остваруваат заедничка идеолошка, уметничка, методолошка и политичка вредност, која почива врз конститутивните елементи на критичката рефлексија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП