11 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА10 најстресни професии во светот

10 најстресни професии во светот

Makin Island Maiden Deployment

Според истражувањето на порталот CareerCast.com, најстресна професија на светот е пожарникар, која доби оцена за стрес од 71,59 од можни 100.

Во извештајот „2015 Jobs Rated”, на второ место е активна воена служба, со оцена за стрес од 70,78, додека на трето место е исто така, воена професија, генерал, со оцена за стрес од 63,11.

На четврто место е пилот (60,46) и петто место заземаат полицајците (50,82).

За изненадување е професијата на шестото место по стрес, а тоа е актер со оцена за стрес од 50,33.

Седмата позиција е резервирана за оние кои работат на телевизија или радио и излегуваат пред камери. Нивната работа доби оцена за стрес од 50,30.

Организатор на настан, оној кој се држи во свои раце, има стресна работа рангирана на осмо место, со оцена од 49,93, додека деветто и десетто место заземаат медиумските професии фоторепортер (49,22) и новинар (48,76).

Факторите кои при изработка на извештајот „2015 Jobs Rated” се земени во обзир се патувањата, можни зголемувања на плата, рокови, работа пред очите на јавноста, конкуренција, физички барања, работни услови, опасност, ризици по сопствениот живот, ризици по туѓ живот и средби со јавноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП