3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНема да верувате колку шеќер содржи кечапот

Нема да верувате колку шеќер содржи кечапот

kecap5

Кечапот е ароматичен додаток за јадењата направен од домати, различни зеленчуци и зачини. И, да не заборавиме – шеќер.

За поголемиот дел од луѓето, кечапот е составен додаток на сендвичот, хамбургерот, помфритот и останатата брза храна. Сепак, вашиот омилен додаток на брза храна всушност е полн со шеќери, дури и повеќе од што мислите.

kecap1

Една порција кечап (количина на една супена лажица) содржи дури 4 грама шеќер, додека малото пакување на кечап кое се служи по рестораните за брза храна содржи повеќе од 2 грама.

kecap2

Препорачаниот дневен внес на шеќер е околу 10 проценти од вкупната количина на храната, отприлика од 50 до 60 грама, а во таа количина се вклучени и шеќерите од сите слатки намирници, како и овошјето. Најмногу шеќер се наоѓа во газираните пијалоци, пивото, колачите и соковите.

kecap3

Шеќерот всушност е главен виновник за епидемијата на дебелина, која доведува до многубројни здравствени проблеми како што се дијабетес и срцеви заболувања.

kecap4

И без оглед на предупредувањата од докторите и нутриционистите за опасностите од тоа, човекот во просек за време на животот јаде околу 1,75 тони шеќер.

kecap5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП