8 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКнигата „Резервен живот“ на Лидија Димковска објавена на бугарски

Книгата „Резервен живот“ на Лидија Димковска објавена на бугарски

rezerven zivot

На Пролетниот саем на книгата што се одржува во Софија, промовирано е бугарското издание на книгата „Резервен живот” од нашата позната писателка Лидија Димковска.

Книгата за бугарскиот книжевен пазар ја издаде книгоиздателството „Колибри” од Софија со поддршка на програмата „Креативна Европа” на Европската Комисија.

Делото за кое Лидија Димковска ја доби Европската награда за литература во 2013-та година, е веќе издадено на унгарски и словенечки јазик, а освен бугарското издание во очекување се и чешкиот, англискиот и италијанскиот превод на книгата.

На промоцијата на книгата во Софија, Лидија Димковска беше претставена од Кремена Димитрова од книгоиздателството “Колибри” и од Светлозар Желев од НДК. И на промоцијата и низ десетиците интервјуа што Димковска ги имаше за бугарските медиуми, беше најавувана како големо европско писателско име, а интересот за нејзиниот награден роман за време на Саемот на книгата кој ќе биде отворен до 24-ти мај, е исклучителен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП