7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕРедовно вежбате, а резултати нема - Каде грешите?

Редовно вежбате, а резултати нема – Каде грешите?

6636545265549f88e7375a179251676_w640

Редовно одите во теретана, редовно вежбате на сите различни справи, но сепак сеуште не гледате резултати од напорното вежбање. Еве кои се можните причини за тоа…

Често повторување на иста вежба

Убаво е што на тренинзите ја пронајдовте вежбата која многу ви одговара и едноставно ја засакавте, но ако сакате да видите реални промени на вашето тело, мора да ги комбинирате вежбите.

Не си поставувате доволно предизвици

Истражувањата покажуваат дека интензитетот на тренингот многу повеќе влијае врз топењето на килограмите од самото времетраење на тренингот. Вашето тело брзо се навикнува на одредени вежби па мора често да си поставувате нови цели.

Внесувате повеќе калории отколку што трошите на тренинг

За навистина да се ослободите од вишокот на килограми не е доволно само редовно да вежбате, туку и да ја редуцирате вашата исхрана. Не заборавајте да ги пресметате и калориите кои ги внесувате со соковите, кафињата и останатите напитоци.

Премногу сте заморени или сте под стрес 

Диетата и тренинзите нема да можат да ви помогнат ако не спиете или не се одморате доволно, или пак сте под константен стрес. Ако на работа сте под притисок, вашето тело нема добро да изреагира на тренинзите. Потрудете се некако да го намалите нивото на стрес и спијте барем 7 часа секој ден.

Премногу седите

Сите знаеме дека повеќето работни места во денешницата бараат повеќечасовно седење на столица, најчесто пред компјутер, но вежбањето во таков случај најчесто нема да ви помогне со оглед на тоа дека воопшто немате никаква физичка активноста надвор од теретана. Ве советуваме понекогаш да прошетате или пешки да отидете или да се вратите од работа. Можете и во стоечка положба да ги обавувате телефонските разговори на работа, да се раздвижувате во секој момент кога ќе можете.

Премногу сте строги кон себе си

Можеби и не се работи за реален недостаток на резултати, туку едноставно си поставувате премногу висока цел. Можеби сте сконцентрирани само на еден дел од телото, па затоа не гледате напредок на останатите делови на телото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП