3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба „Уметникот и јас“ во Даут Пашин Амам

Изложба „Уметникот и јас“ во Даут Пашин Амам

umetnikot i jas

Во Националната галерија на Македонија, објект Даут Пашин Амам, во 12 часот ќе се отвори изложбата „Уметникот и јас“.

Националната Галерија на Македонија и оваа година, 18-ти мај, светскиот ден на музеите го одбележува со интересна изложба од својот едукативен сектор.

Различните старосни групи од неколку скопски забавишта, основни и средни училишта изминативе две недели беа учесници во ликовната работилница „Уметникот и јас“, и преку свои видувања ги претставија мотивите од сталната поставка на Националната галерија на Македонија во Даут Пашиниот Амам.

Компаративната изложба ќе биде отворена денеска во 12 часот во споменатиот објект, на која ќе бидат доделени пригодни благодарници за учесниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП