23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛоренцо победи во Франција

Лоренцо победи во Франција

Lorenzo-LeMans15

Возачот на Јамаха, Хорхе Лоренцо, победи на петтата трка во кралската класа во Мото ГП шампионатот, Големата награда на Франција. Лоренцо до втората победа во низа, вкупно 56-та во кариерата, на патеката во Ле Ман, стигна со време од 43:44.143 минути.

Успехот на Јамаха го надополни Валентино Роси, додека третото место му припадна на Андреа Довициозо на Дукати.

Бранителот на титулата, Марк Маркез, низ целта мина како четвртопласиран, откако уште во првиот круг ја загуби шансата да се бори за победата.

Големата награда на Фрaнција донесе многу возбудувања, но Лоренцо успеа да се одржи на лидерската позиција од првиот до последниот круг. Роси, стартуваше од седмото место и водеше голема борба и на патеката успеа да ги мине Маркез, Андреа Јаноне и Довициозо. Роси се обиде да го мине и колегата Лоренцо, но тој предноста ја одржа без поголеми проблеми.

Наредната трка во Мото ГП е Големата награда на Италија, таа ќе се вози на 31-ви мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП