17 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВитаминот Д го поттикнува слабеењето

Витаминот Д го поттикнува слабеењето

vitamin-d-benefits-fat

Консумирањето на суплементи како витаминот Д може да помогне во борбата против прекумерната тежина, укажа најновото истражување на италијанските научници.

Поточно, истражувачите од Универзитетот во Милано во текот на шест месеци следеле 400 испитаници со прекумерна тежина кај кои е потврдена ниска концентрација на витамин Д во крвта.

На крајот од анализираниот период повеќе тежина изгубиле испитаниците на кои им била пропишана диета во комбинација со консумирање дополнително витамин Д.

Претходните студии веќе покажаа дека недостатокот на витамин Д е поврзан со зголемениот ризик од дебелината и здравствените компликации предизвикани од прекумерната телесна тежина.

Податоците собрани во Северна Америка покажуваат дека 40 проценти од возрасните имаат премногу ниска концентрација на витамин Д во крвта.

Инаку, витаминот Д се произведува во телото по изложеност на кожата на сончева светлина, а е присутен во млекото и млечните производи, јајцата, рибата како туна или лосос ..

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП