3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПо повеќегодишно отсуство забележителен настап на тројца македонски автори на 12-от Саем...

По повеќегодишно отсуство забележителен настап на тројца македонски автори на 12-от Саем на книгата во Солун

kulkul

Томислав Османли, Александар Прокопиев и проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, како и грчките домаќини академик Емилиос Тахеос и професор Ставрула Маврогени, со квалитетно подготвениот настан и одлично релизираните настапи, според оцените на присутните од двете страни, создадоа настан кој придонесува кон меѓусебното отворање, размени и соработки меѓу двете култури и нивните уметнички и научни дејци.

На штотуку завршениот меѓународен Саем на книгата во Солун којшто се одржа од 7-ми до 10-ти мај годинава, по десетина години отсуство на наши претставници – учествуваа тројца истакнати македонски автори. Во ударен, пладневен термин и во присуство на видни личности од солунскиот научен, културен и општествен живот, во неделата (10-ти мај) настапија писателите Томислав Османли, Александра Прокопиев и д-р Вера Стојчевска Антиќ.

Говорејќи за влијанието на на просветителската традиција на солунските браќа во делата на македонските автори, Стојчевска-Антиќ имаше забележан настап посветен на темата „Химни за св. Кирил“, додека говорник од грчка страна беше професор Емилиос Тахеос од Центарот за студии на кирило-методиевското културно наследство, професор славист и надворешен член на две балкански академии. Рамноправниот настап на двајцата научници, високиот тон на меѓусебна почит и добронамерното спомнувањето на личното пријателство и научни среќавања со академок Блаже Конески од страна на академик Тахеос, но и исклучителното водителство од стана на професор Ставрула Маврогени од Катедрата за славистички студии на Универзитетот „Македониа“ во Солун, на овој настан му дадоа посебен белег, квалитет и значење.

Уследија прочити на песни на македонски јазик и преводи на грчки на песни од Блаже Конески, Матеја Матевски и Јован Павловски во изведба на студенти по славистика на солунскиот универзитет „Македониа“.

Презентацијата на двајцата македонски писатели се надоврза на научите презентации и донесе свежи и воедно промислени настапи на Османли и Прокопиев. Тие ги претставија своите романи „Дваесет и првиот“ и „Ѕиркачот“ како современи репрезентативни, наградени и пошироко приоштувани дела на современата македонската литература. Посебно забележан беше настапот на Томислав Османли, писател и преведувач од грчки, кој својата авторска презентација ја оствари со богат исказ на грчки јазик. Писателот Александар Прокопиев покрај претставувањето на својот роман, ја плени публиката со непосредноста и, говорејќи на македонски јазик, одговори и на повеќе прашања врзани за неговото творештво и карактеристичниот постмодерен израз.

Повторното појавување на македонското знаме, штанд и изданија на солунскиот меѓународен Саем на книгата, беа овозможени со поканата од Грчката фондација на културата (Hellenic Foundation of Culture), со ангажманот на генералниот конзулат на Република Македонија во Солун и поддршката на професорката Маврогени од славистичката катедра на солунскиот универзитет „Македонија“.

Инаку по децениското отсуство Македонија имаше свој богато опремен штанд, благодарејќи на личниот ангажман на конзултата Маја Апостолова-Балабурска, како и на одзивот на дел од македонските издавачи, а посебно на директорот на „Магор“ Горјан Лазаревски. На македонскиот штанд беа поставени два банера со песна на Гане Тодоровски на македонски и на акад. Блаже Конески, на грчки јазик, како и плакати за настапите на Томислав Османли и Александра Прокопиев. Двајцата наши писатели кои, инаку, ги потпишуваа своите романи во превод на англиски јазик (на Марија и Метју Џоунс) кои за оваа пригода ги објави нашето книгоиздателство „Магор“.

Квалитето подготвеното и реализирано македонски претставување во Солун кој помина во знакот на висока меѓусебна почит и нагласена желба за идни размени и среќавања, особенно според оценките на поголем број присутни како од страна на грчките авттори, официјални чилности, интелектуалци и новинари, е значаен придонес кон меѓусебното пред сé културно отворање на двете соседни земји и култури.

За одбележување од овој исклучителен настан е високата организација на македонската генерален конзулка во Солун, Маја Апостолова-Балабурска, и книгоиздадетството „Магор“ кое беше своевиден комесар на македонското присисуство и претставување на солунскиот Саем на книгата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП