2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит раст на индексите по двата дена паѓање

На Волстрит раст на индексите по двата дена паѓање

Wall Street Premarket

На Волстрит, за разлика од европските берзи, во четвртокот берзанските индекси пораснаа, по двата дена пад, благодарејќи на растот на цените на акациите во технолошкиот сектор и падот на каматните стапки во светот.

Истовремено на повеќето европски берзи цените на акциите во четвртокот паднаа. Лондонскиот FTSE индекс ослаби за 0,67 отсто, на 6.886 поени, парискиот индекс CAC падна за 0,29 отсто, на 4.967 поени, додека франкфуртскиот индекс DAX зајакна за 0,51 отсто, на 11.407 индексни поени.

На Волстрит, пак, во четвртокот индексот Dow Jones зајакна за 0,46 отсто, на 17.924 поени, додека индексот S&P 500 порасна за 0,38 отсто, на 2.088 поени, а индексот Nasdaq скокна за 0,53 отсто, на 4.945 индексни поени.

Најмногу, за 0,9 отсто порасна S&P индексот на технолошкиот сектор, благодарејќи на скокот на цените на акциите на „Yelp.com“, по вестите дека водството на компанијата ја разгледува можноста за продажба на овој потрошувачки веб портал. Силно, и тоа за 7,5 отсто, скокна и цената на акцијата на „Alibaba“, откако овој кинески електронски трговец објави подобри отколку што се очекуваше квартални деловни резултати.

Од друга страна, остро за 1,1 отсто падна енергетскиот сектор, што е последица од падот на цените на нафтата од највисоките нивоа од почетокот на 2015 година. Но падот на нафтата го поттикна растот на цените на акциите на воздухопловните компании, бидејќи поради тоа им се намалуваат трошоците за гориво.

Позитивно на пазарот влијаеше и стабилизацијата на каматните стапки во светот, по силниот раст од претходните денови. Благодарејќи на оптимизмот по прашањето на заздравувањето на економијата на еврозоната и намалените стравови од дефлација, приносите на германските 10-годишни државни обврзници достигнаа во средата 0,595 отсто, што е највисокото ниво во последните четири години, додека во април се движеа на рекордно ниските 0,05 отсто. Паралелно со тоа, пораснаа и приносите на обврзниците од другите членки на еврозоната, а потоа и на јапонските и на американските долгорочни државни обврзници, што ги загрижи вложувачите на берзите. Но, во четвртокот тие приноси се стабилизираа.

„Овие драстични придвижувања на пазарот на обврзници и силниот раст на цените на нафтата ги вознемирија инвеститорите на берзите, но бидејќи во четвртокот тие пазари се примирија, во фокусот на вложувачите повторно се најдоа акциите“, вели во анкетата на Reuters Арт Хоган, стратег во компанијата „Wunderlich Securities“.

Сепак се тргуваше претпазливо, бидејќи инвеститорите се воздржани пред извештајот за вработеноста во САД, кој ќе биде објавен подоцна во петокот и кој вообичаено значително влијае врз насоките на пазарите.

Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваа дека во април бројот на вработените е зголемен за 213.000. Во март беа отворени само 126.000 нови работни места во САД, најмалку од декември 2013 година, а уште еден таков слаб податок дефинитивно би потврдил дека растот на најголемата светска економија забавил.

Тоа, пак, дополнително би го поткрепило убедувањето на инвеститорите дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) нема да ги зголеми клучните каматни стапки во јуни, туку најрано во септември., „Податоците за вработеноста би морало да бидат големи за инвеститорите да поверуваат дека е можно зголемување на каматите на Fed уште во јуни“, смета Хоган.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП