6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ30-дневната програма на Џилијан Мајклс која ветува совршена фигура (видео)

30-дневната програма на Џилијан Мајклс која ветува совршена фигура (видео)

jilli

„30 day Shred“ е програма на познатата фитнес инструкторка и судија во популарното шоу „The Biggest Loser“, Џилијан Мајклс, која ви овозможува да го оформите своето тело.

Оваа фитнес програма треба да се одработува секој ден по 30 минути. Станува збор за интензивен тренинг од кој ќе ве боли секој дел од телото, а вие ќе си помислите дека повеќе не можете. Но, не се откажувајте!

Се што ви е потребно е да издвоите 30 минути секој ден во наредните 30 дена, да набавите еден пар тегови, удобни патики и многу волја и мотивација.

Оваа програма е многу ефикасна доколку ја одработувате правилно и без откажување. А доколку применувате и здрава исхрана, резултатите се загарантирани.

Фитнес програмата „30 day Shred“ се состои од три нивоа, секое ниво се одработува по десет дена. Програмата се состои од комбинирани вежби, кардио вежби, вежби за сила и за стомачни кои ветуваат одлично изградено тело. Инвестирајте 30 минути во наредните 30 дена и уверете се во резултатите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП