2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГо продавате вашиот смартфон? Не заборавајте да направите една важна работа!

Го продавате вашиот смартфон? Не заборавајте да направите една важна работа!

smar t

Неодамна сте го продале вашиот стар смартфон и потоа започнале да се случуваат некои чудни работи: да ви пристигаат сметки иако ништо не сте купиле, вашите пријатели да добиваат електронски пораки кои не сте ги напишале или во најлош случај, вашите приватни фотографии да се појават некаде на интернет.

Со цел да бидете сигурни дека тоа нема да се случи, морате темелно да ги избришете сите податоци од меморијата, пред да го продадете или поклоните вашиот паметен телефон, таблет или компјутер.

„Многу од корисниците не се свесни за тоа дека во телефонот имаат многу нивни приватни податоци“, вели експертот за заштита на податоците Рајнер Зајдлиц.

Информациите кои можат да се пронајдат во меморијата на смартфоните често вклучуваат чувствителни лозинки за интернет купување или пристап до „e-mail“, адреси и телефонски броеви од пријателите и приватни фотографии. Ако станува збор за службен телефон, тогаш можат да се пронајдат и важни корпоративни податоци.

Ништо од тоа не смее да дојде во рацете на трета страна.

Проблем е во тоа што оперативните системи на смартфоните обично немаат можност за целосно бришење на податоците. Нивното бришење најчесто значи само тоа дека податоците се избришани од содржината на меморијата и дека просторот кој го заземале станал слободен со цел во него да се запише нешто друго. Но корисникот неможе да знае дали преку тој „file“ навистина е запишана нова содржина.

„Постојат софтверски програми кои ги враќаат избришаните податоци. Тоа што само е избришано може лесно да се врати“, вели Зајдлиц.

Со цел да бидете сигурни дека сите податоци се отстранети од меморијата треба да ја исчистите неколку пати, за што постојат програми кои можат да се превземат од продавниците за апликации.

За оние кои несакаат да трошат пари, постои и метод „направи сам“. Смартфонот најпрво треба да се врати на фабричката поставка, потоа да се вклучи видео камерата и да се снима бел ѕид се додека меморијата не се исполни.

Истите правила кои важат за паметните телефони, важат и за таблетите и компјутерите.

Конечно и најрадикалната метода која обезбедува дека приватните податоци нема да се најдат во „криви“ раце, а тоа е физичко уништување на хард дискот или меморискиот чип.

„Оние кои сакаат во целост да бидат сигурни, би требало во целост да ја уништат меморијата“, нагласува Зајдлиц. Тоа вреди и за уредите кои повеќе никогаш нема да бидат вклучени.

Значи, чекан или „бормашина“ во рака! Меѓутоа, дали сето тоа е вредно? Апсолутно, вели Зајдлиц . Доволно е само една слободна фотографија од младоста да се појави неколку години подоцна и да ви го уништи интервјуто за работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП