17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА‘L'Allee des Alyscamps’ на Ван Гог продадена за 66 млн долари

‘L’Allee des Alyscamps’ на Ван Гог продадена за 66 млн долари

Sotheby's New York art sale

Платното на холандскиот мајстор Винсент ван Гог со наслов „L’Allee des Alyscamps“ е продена на наддавање во Њујорк за 66 милиони американски долари, што е најголемата сума платена за негово дело по 1998 година, објави аукциската куќа Sotheby’s.

Вредноста на споменато дело беше прво процената на 40 милиони долари, но по жестоката борба за неа меѓу пет потенцијални купувачи, му припаднала на колекционер од Азија, како што се претпоставува од Кина.

Досегашниот рекорд за дело на Ван Гог уште го држи платното „Портрет на др Гаше“, од 1890 година, кое во 1990 година на аукција на њујоршки Christie’s беше продадено за 82,5 милиони долари.

Втора ѕвезда на наддавањето на Sotheby’s беше слика од серијата „Нимфи“ на францускиот импресионист Клод Моне, чиј нов сопственик плати 54 милиони долари. Претходно беше проценета меѓу 30 и 45 милиони долари.

Њујоршката филијала на Sotheby’s на аукцијата на импресионистите и модерните сликари понуди 60 уметнички дела, чија вкупна вредност беше проценета на 270 милиони долари. Меѓу нив беа и шест масла на платно на Клод Моне.

Светскиот рекорд, кога станува збор за сума платена за уметничко дело, го држи триптихот на Френсис Бејкон „Трите студии на Лусјен Фројд“ продаден во 2013 година во Њујорк за неверојатни 142,3 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП