Амбасадата на Австрија и Францускиот институт во Скопје организираат концерт на класична музика во изведба на Климент Тодоровски – виолина и Ема Шмит, пијано (Австрија), што ќе се одржи денеска во 20 часот во Музеј на Град Скопје.
На програмата се Клод Дебиси (Извадоци од la Suite bergamasque, L’isle joyeuse) и Сезар Франк (Sonate pour violon en la majeur).
Влезот е слободен.
Концертот е организиран од страна на Амбасадата на Австрија, со поддршка на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје.