9 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗаменете ги вештачките со здрави домашни сокови - 4 здрави и вкусни...

Заменете ги вештачките со здрави домашни сокови – 4 здрави и вкусни рецепти кои ќе го подобрат вашето здравје

41320996881

Овошните сокви кои ги купувате не содржат скапоцени растителни влакна, преполни се со шеќери и хемикалии и тие воопшто не се безбеден избор.

Но, соковите кои сами ќе си ги направите имаат голема хранлива вредност. Потребен ви е само блендер и неколку намирници. Ви даваме идеа за 4 здрави и вкусни сокови кои ќе го подобрат вашето здравје…

 

Зелен сок

Потребно ви е:

1 чаша спанаќ

1 чаша кељ

Половина банана

1 рака лешници

3 до 5 бразилски ореви

1 лажичка цимет

1 до 2 лажички какао

Половина шоља полумасно кокосово млеко

Сите намирници ставете ги во блендер и измешајте ја смесата. Откако смесата ќе се изедначи ставете ја во чаша и уживајте.

maxresdefault (3)

Сок од морков и манго

Потребно ви е:

1 манго со средна големина, излупен и исечкан на коцки

Пола чаша исечкан морков

Пола лажичка цимет

Пола чаша кокосова вода

Четвртина чаша вода

Подготовката е иста, сите намирници ставете ги во блендер и мешајте додека не се изедначат.

 

Сок од чоколадо, цвекло и јагода

Потребно ви е:

Пола чаша излупено и исчекано цвекло

1 банана

1 чаша јагоди

Пола чаша кокосова вода

Четвртина чаша вода

1 лажица незасладено како во прав

Подготовката е иста, сите намирници ставете ги во блендер и мешајте додека не се изедначат.

gekleurde-smoothies

 

Сок од малина и бадем

Потребно ви е:

Пола чаша бадемово млеко

1 чаша ниско маслена павлака

Пола банана

Пола чаша свежи или замрзнати малинки

1 лажичка мед

Подготовката е иста, сите намирници ставете ги во блендер и мешајте додека не се изедначат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП