6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМатица Македонска со македонски автори на Саемот на книга

Матица Македонска со македонски автори на Саемот на книга

matica knigi22

На Саемот на книга 2015, Матица Македонска организира разновидни дружења со македонски автори, кои јавноста ги знае преку убавиот пишан збор.

Читателите ќе може да се дружат, како и да добијат потпишана книга од нивните омилени македонски автори. Дружењето започнува денес, па се до 11-ти мај. Во текот на целата саемска недела, проследена со богата програма на штандот на Матица Македонска, сите посетители ќе уживаат, дружат и купат книги преполни со страници кои оставаат без здив.

Распоредот на потпишување и дружење со македонските автори започнува денес од 17 часот со Милош Димковски за неговата книга „Парада на Марионетките”. Истиот ден дружењето продолжува со Илина Ведран од 18 часот промовирајќи ја нејзината книга – „Јас сум љубов”.

Во среда, во 17 часот читателите ќе можат да се дружат со Зорица Петковска и нејзината нова книга „Зборигами”. Во 18 часот пак, потпишување на својата нова книга има и Верче Карафилоска за „Бездомникот со златен часовник.”

Маја Пехчевска ќе се дружи со читателите во четврток, во 17 часот, промовирајќи ја својата книга, „Семејни бизниси”. Јован Илиески ќе ја потпишува новата книга „Кругот на животот” во четврток во 18 часот.

Според распоредот, во петок, од 12 до 13 часот и од 17 до 19 часот, Благоја Јанаков ќе ја потпишува својата книга „Среќа”.

Во сабота, од 12 часот на штандот на Матица Македонска, дружење со читателите и потпишување на книги ќе имаат Милош Димковски, Јован Илиески, Верче Карафилоска, Зорица Петкоска и Маја Пехчевска. Илина Ведран пак, е резервирана за своите читатели истиот ден, од 18 часот.

Богатата понуда на Матица Македонска за претстојниот Саем на книга и ова дружење со читателите и посетителите, се доказ дека македонските автори и нивните книги се повеќе од посакувани и читани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП