10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСветски ден на астмата

Светски ден на астмата

ASTMA

Годинешниот Светски ден на астмата, 5 Мај,  се одвива според генералното мото „Можете да ја контролирате астмата” со тоа што Глобалната иницијатива за астма ги поттикнува организаторите од одделните земји да користат сопствено  мото, во зависност од важноста на одделни теми при одбележување на нaстанот на национално ниво.

Македонското респираторно здружение (МРЗ),  овогодинешниот  Светскиот ден на астмата го одбележува под мотото „Време е  да ја ставиме астмата под контрола” , организирајќи низа на настани, кои започнуваат со гостувањето на Проф.Џошуа Ловсон , од Универзитетот Саскачеван, Канада, кој одржа предавање на тема   „Географска варијација на астмата во детството“, низа на настапи на националните телевизиски програми со цел популаризација на проблемот  на астмата,  како и Стручен симпозиум на тема „Синдром на препокривање на астма и ХОББ”, кој ќе се одржи во втроника во 14 часот во Деканатот на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Скопје.

На Симпозиумот ќе бидат презентирани предавањата на  еминентни пулмолози од неколку институции во земјава кои од различни аспекти го разгледуваат синдромот на препокривање на астмата и хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ), клинички ентитет кој со оглед на зачестеноста, тешкотиите во дијагностицирањето и постигнувањето на контрола во последнава деценија претставува значаен јавноздравствен проблем кај нас и во светот.

Со одржувањето на Симпозиумот, МРЗ се вклучува во активностите посветени на Светскиот ден на астмата 2015 со што го дава својот придонес во зголемувањето на свесноста за астмата и грижата за пациентите со астма на национално и глобално ниво.

Светскиот ден на астмата е годишен настан што го организира Глобалната иницијатаива за астма (Global Initiative for Asthma – GINA) од 1998 год. со цел да ја зголеми свесноста на луѓето за астмата, како и нивната грижа за пациентите со астма. Со оглед на тоа што претставува најчеста хронична болест во детската возраст и една од најчестите хронични болести кај возрасните, астмата во последниве неколку децении прерасна во исклучително значаен јавноздравствен проблем на глобално ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП