6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПоезијата на Димковска на научна конференција во Грац

Поезијата на Димковска на научна конференција во Грац

grac 353

На научна конференција во Грац, на тема „Меѓу европските интеграции и национализмот – мрежи без граници”, македонската поетеса Лидија Димковска е избрана за поет – гостин.

Конференцијата се одржува во 44-ти пат, од 4 до 6 мај, а во нејзините рамки се одржува и книжевно читање со избран поет-гостин. Годинава книжевното читање на 5 мај во целост и е посветено на поезијата на Лидија Димковска во препев на германски јазик на Александар Сицман. Со авторката за нејзините книжевни и културни предизвици ќе разговара Маша Дабиќ, новинарка од областа на културата во австрискиот дневен весник „Стандард“.

Конференцијата е во организација на Асоцијацијата на библиотеки и центри за документација на југоисточните европски студии и во соработка со Центарот за европски студии на Универзитетот во Грац, Грацката универзитетска библиотека, преведувачката мрежа Традуки и Асоцијацијата на Југоисточна Европа со седиште во Минхен.

На неа ќе учествуваат бројни научници од областа на славистиката, академици и професори од Русија, Полска, Украина, Германија, Австрија, Швајцарија и Летонија и ќе дискутираат за културните политики, образованието, библиотекарството, геополитиките и славистиката во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП