3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеѓународната агенција за енергетика очекува слаб раст на побарувачката на нафта во...

Меѓународната агенција за енергетика очекува слаб раст на побарувачката на нафта во 2013

iea

Меѓународната агенција за енергетика (ИАЕ), денеска соопшти дека глобалната побарувачка на нафта оваа година ќе расте со поспоро темпо од 0,9 отсто, поради неизвесноста околу буџетот на САД, деловните активности во Кина и хронично високата невработеност во Европа.

ИАЕ очекува дека побарувачката на нафта во просек ќе се зголеми за 820 илјади барели дневно, во однос на просечниот раст од 1,4 милиони барели во текот на годината без рецесија, се наведува во извештајот на компанијата.

– Макроекономското опкружување негативно влијае на побарувачката на нафта и за сега нема многу знаци дека наскоро ќе биде подобро. Серија неодамнешни случувања во САД, Кина и Европа влијаеше на нашата прогноза за побарувачката, наведува организацијата.

Глобалната побарувачка на нафта е зголемена во февруари за 90 илјади барели дневно, благодарение на поголемото производство на членките на Огранизацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), пред се во Ирак.

ОПЕК, кој учествува со 35 отсто во глобалното снабдување со нафта, прогнозираше во мартовскиот извештај просечна побарувачка од 89,7 милиони барели дневно во 2013 година, што е за 0,8 милиони повеќе во однос на 2012 година.

ИАЕ проценува дека глобалната побарувачка на нафтените деривати ќе биде намалена на 74,8 милиони барели дневно, меѓу останатото поради намалувањето на активностите на рафинериите во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП