26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМонодрамата „Делириум тременс“ на сцената на театрот во Прилеп

Монодрамата „Делириум тременс“ на сцената на театрот во Прилеп

Image (88)

Монодрамата „Delirium Tremens“, по текст на Благоја Ристески Платнар, каде актер и режисер е Игор Трпчески, ќе биде изведена во четврток, во 20 часот, во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Проектот е копродукциски меѓу Театарска работилница и театарот „Војдан Чернодрински“.

„Delirium Tremens или алкохолно труење е дијагноза која ја добиваат хронични алкохоличари помеѓу 48 и 72 часа од последната испиена чашка алкохол. Проследена е со тресење, дезориентација па се до халуцинации и стравови кои би можеле да го доведат субјектот во афектна состојба и да го направат опасен по себе  и по околината. За жал, иако еден од првите текстови на Благоја Ристески – Платнар, напишана осумдесеттите години од минатиот век, траги – комедијата Delirium Tremens не ја дочека својата премиера на сцените, веројатно поради непопуларноста на монодрамата како жанр во тоа време, но никако не би требало да биде заборавена денес.

Уште на самиот почеток на текстот, авторот го загатнува „театарот во театар“ така што јунакот ни го претставува како сценски работник, кој случајно е тука и ни соопштува дека нема да има претстава, затоа што актерот кој треба да ја одигра претставата, е во болница поради Delirium Tremens. Така приказната ја гледаме како низ едно скршено огледало низ призмата на овој сценски работник. Претставата е наменета за сите генерации и во голема мера ги дефинира односите помеѓу уметниците и работниците, нивните влијанија, соработки и антагонизам кој се развива од неразбирање на проблемите на другите и секако за љубовта и морално – етичките дилеми, кои кај секој од нас се појавуваат во состојба љубов, страст и страв“, вели актерот и режисер Игор Трпчески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП