6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНова потврда за високиот квалитет на вината на Тиквеш

Нова потврда за високиот квалитет на вината на Тиквеш

 

nbm

Две врвни вина на македонската винарија Тиквеш од бербата 2013-та освоија златен односно сребрен медал на најголемиот вински натпревар што се одржува во Германија – „Мундус Вини“.

Виното „Домен Лепово Пино Ноар“ од бербата 2013-та освои златен медал, додека со сребро се закити и „Домен Лепово Шардоне“ на натпреварот во Германија, кој е еден од најценетите во светот.

Домен Лепово Пино Ноар“деновиве се најде на винските карти на престижните ресторани и трговски објекти со големи вински секции е прогласено за „Најдобро вино на натпреварот со потекло од Македонија“ со што овој успех добива и дополнително значење за промоција на високиот квалитет на вината на Тиквеш, па и на македонските вина во светски рамки.

Домен Лепово Шардоне од бербата 2013-та е наградено со сребрен медал и на годинешниот натпревар „Шардоне д Монд“ што се одржува во Франција.

„Пред околу една година, со лансирање на првиот ексклузивен македонски вински бренд „Домен Лепово“ отворивме ново поглавје во домашната винска индустрија промовирајќи го концептот на висококвалитетни вина во ограничени количини произведени на истиот посед каде што се наоѓаат лозјата. Уште по првите берби, овие вина почнаа да се закитуваат со медали на најпрестижните светски натпревари, што јасно го покажува нивниот огромен потенцијал и квалитет и воедно уште еднаш ја потврдува нашата стратегија за развој која го фаворизира квалитетот наспроти квантитетот, изјави Игор Илиевски, генерален директор на ВВ „Тиквеш“.

На успехот на вината произведени во „Домен Лепово“ се надополнуваат и новите награди што ги освоија врвните вина на винарската визба „Тиквеш“. Имено, на годинешниот натпревар „Гренаж д Монд“ во Франција, белото вино „Бела Вода“ од бербата 2014-та е единствено наградено вино кое потекнува од вински регион надвор од Франција, Италија или Шпанија. Истовремено, на реномираните светски вински натпревари „Мундус Вини“ во Германија и „Шардоне д Монд“ во Франција, сребрен медал освоија и црвеното „Александрија Куве“ 2013-та, како и пенливото вино „Ергион“ од бербата 2012.

„Убедени сме дека сите овие награди дополнително ќе го подигнат реномето на Македонија како винска земја и ќе придонесат за зголемување на целокупниот извоз на квалитетно македонско вино во шишиња“, рече Илиевски.

Винарската визба „Тиквеш“ секоја година на најпознатите светски вински натпревари освојува околу 50 награди, признанија и високи оценки од светски познати критичари со што го потврдува епитетот најнаградувана винарница во земјава, но и пошироко во  регионот.

kkk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП