5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСобир по повод 95 години од раѓањето на Славко Јаневски

Собир по повод 95 години од раѓањето на Славко Јаневски

Image (77)

Денес, во 12 часот, во Друштвото на писателите на Македонија, во организација на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и ДПМ, ќе се одржи собир посветен на 95-годишнината од раѓањето на големиот македонски писател Славко Јаневски.

На средбата обраќања ќе имаат д-р Маја Јакимовска Тошиќ, директор на Институтот за македонска литература и д-р Веле Смилевски, претседател на ДПМ. За книжевниот опус на Славко Јаневски ќе зборуваат д-р Наташа Аврамовска, д-р Лорета Георгиевска Јаковлева и д-р Мишел Павловски.

Славко Јаневски е еден од најмаркантните писатели во современата македонска литература, со основоположнички димензии и со високи естетски вредности. Како поет, раскажувач, романсиер и сценарист, Јаневски зад себе остави богат и разновиден опус вграден во клучните фази од развојот на македонската литература во втората половина на ХХ век.

Славко Јаневски (1920 – 2000) беше еден од иницијаторите за формирање на Друштвото на писателите на Македонија и, во еден мандат, негов претседател. Беше член на Македонската академија на науките и уметностите и на Македонскиот ПЕН центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП