3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКнижевна вечер посветена на Луиџи Пирандело во МКЦ

Книжевна вечер посветена на Луиџи Пирандело во МКЦ

Image (68)

Денес, во 20 часот во Младинскиот културен центар ќе се одржи книжевна вечер посветена на италијанскиот писател, Луиџи Пирандело, еден од најзначајните писатели на 20 век.

Генијален автор на мноштво раскази, романи, драми… но и подеднакво брилијантен во сите останати книжевни облици. Неверојатно креативен, забавен, хумористичен, сериозен, иновативен, генијален.

Добитник е на Нобеловата награда за книжевност во 1934 година.

Краток осврт за делото и значењето на авторот ќе даде проф. д-р Анастасија Ѓурчинова, додека акцентот на настанот ќе биде на расказите на Пирандело. Публиката ќе може да погледне избор од интересни кратки филмови снимени по некои од неговите раскази („Il ventaglino“, „La patente“, „La giara“, кои се дел од филмот „Questa e la vita“ од 1954 година) и да се вклучи во дискусија за истите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП