10 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтопли времето, сега на ред се капиталните инвестиции?!

Стопли времето, сега на ред се капиталните инвестиции?!

Во првите три месци од годинава реализацијата на капиталните инвестиции не достигна ниту 10 отсто. Во текот на април и овие први десетина дена од март реализацијата е речиси 14 отсто. Овој резултат е полош дури и од оној на претходната влада која не покажуваше некој поголем интерес кога станува збор економијата на државата. Власта тврди  дека тоа е така затоа што во првиот квартал од годината временските услови не дозволуваат многу работа на терен, а опозицијата веднаш обвини дека слабата реализација е доказ за неспособноста на владата, додека пак експертите подолго време се на став дека трошењето на јавните пари во Македонија се прави на еден нетранспарентен начин полн со популизам.

Официјалните податоци на министерството за финансии покажуваат дека во првите три месеци од годинава, дури 70 отсто од министерствата не започнале со ниту еден проект капитален за државата и за граѓаните. Министерството за спорт се покажа како највредно, со реализација на капитални инвестиции од 15 отсто од својата програма. Министерството за образование 10 отсто, здравство девет, финанасии близу седум, економија и труд реализација од пет отсто. Останатите кои почанле со некаква реализација на капитални проекти, нивниот просек се движи од 5 до некаде 3 отсто. Од владата велат дека во периодот што следи може да се очекува интензивирање на градежниот секор.

„Во јануари и февруари времето беше студено, а како што знаете, најголем дел од капиталните расходи се поврзани со инфраструктура. Очекуваме зголемена реализација во следните месеци. Во изминатите седум години имавме лажна слика за капитални инвестиции. Со новиот пристап имаме реална слика за тоа што навистина се гради. – велат од Владата.

Опозицијата пак не мисли така. Од СДСМ велат дека владата нема никакви економски политики. Луѓето тоа го чувствуваат велат опозиционерите и порачуваат да се види дискрепанцата помеѓу цените и платите кои ги добиваат работниците. Се што прави власта е сликање и популизам и тој ќе се зголемува особено пред локалните избори.

„Реализацијата на капиталните инвестиции на ДПМНЕ на локално ниво е со поразителни 3%. Реализацијата на капиталните инвестиции на локално ниво има поразителен резултат од 3%, што ја покажува неспособноста на власта“

Експертите уште еднаш потенцираат дека капиталните инверстиции не се само асфалт, бекатон плочки или шминкање на општината, тоа се најзначајните проекти кои го билдаат македонскиот БДП. Со години, се помалку се вложува во човечкиот капитал, а на тој начин веќе ќе може да се одговори на многу прашања поврзани со економските текови на државата. Власта посочи дека планот е Македонија да се задолжи за околу 4 милијарди евра за целиот мандат. Во периодот што следи ќе бидат договорени околу половина милијарда. Тие пари ќе се искористат за патна инфраструктура. Од власта најавија дека парите ќе ги обезбедат од друга странска држава, нешто слично како што се случи со унгарскиот кредит.

И.П.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП