28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMoody`s го намали рејтингот на НЛБ за три нивоа

Moody`s го намали рејтингот на НЛБ за три нивоа

mood1

НЛБ во моментов има оценка Cаа2, која им се доделува на банките со лоша кредитна способност и многу висок кредитен ризик.

Агенцијата „Moody`s“ ја намали својата долгорочна оценка за рејтингот на Нова Љубљанска банка (НЛБ) од В2 на Саа2, со негативен изглед, објавија словенечките медиуми.

Како причина за дополнителното намалување на оценката на најголемата словенечка банка, која е 92 проценти во сопственост на државата, „Moody`s“ ја наведува потребата за нејзината нова докапитализација, за која оваа година, според проценките на управата, ќе бидат потребни 400 милиони евра. Исто така, агенцијата го напоменува недостатокот на краткорочна перспектива за банката повторно да почне да работи со профит, откако повеќе години забележуваше негативни резултати.

„Moody`s“ минатата година два пати го намали кредитниот рејтинг на НЛБ, а тоа последниот пат се случи во јули. Тогаш „Moody`s“ оценката за кредитниот рејтинг на НЛБ ја намали за три нивоа, од Ва2 на В2.

Според „Moody`s“, негативните изгледи за Нова Љубљанска банка, се врз основа на високиот удел на лоши кредити кои во таа банка достигнаа 28,2 проценти од вкупниот кредитен пласман.

Исто така, „Moody`s“ напоменува дека овој процент ќе се зголеми поради високата задолженост на компаниите кои се комитенти на НЛБ, а се наведува и неизвесноста поврзана со докапитализацијата на словенечките банки во мнозинска или доминантна сопственост на државата.

Со рејтингот Саа2 се оценуваат банките кои имаат лоша кредитна способност и многу висок кредитен ризик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП