четврток, 18 август 2022
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСпоредба: Формула 1 против ИндиКар

Споредба: Формула 1 против ИндиКар

f indi

„На прва“ два тркачки болиди, но сепак…левиот се трка во ИндиКар, а десниот во Формула 1.

„Најсиромашниот“ тим во Формула 1 има пет пати поголем буџет од најдобрите во ИндиКар. Единствен податок кој делува помалку збунувачки, пол-позицијата на славниот Инди 500 се добива со околу 370 км/ч просечна брзина по круг, а пол-позицијата на исто толку славното Ф1 се добива со околу 160 км/ч просечна брзина по круг. Тогаш каде одат парите?

Реалноста е дека сите ИндиКар тимовите купуваат одобрени шасии од производителот Далара, додека Ф1 тимовите се конструктори на своите шасии, при тоа поседувајќи огромни фабрички комплекси, воздушни тунели и најсовремена технологија. Во случаите на Ферари и Мерцедес, тие дури и сами си ги произведуваат и моторите. Како резултат на сето тоа, најголемиот „трошаџија“ во Формула 1, Скудерија Ферари, има годишен буџет од 500 милиони долари, додека водечките ИндиКар тимови, како на пример Андрети, имаат буџети од по 15 милиони долари. Разликата е 30 пати.

Буџет

Топ Формула 1 екипа – 500 милиони долари

Топ ИндиКар екипа – 15 милиони долари

Болид

Топ Формула 1 екипа – 125 милиони долари

Најголем трошок е дизајнот, развојот и конструкцијата на уникатните шасии. Поради тоа што имаат сопствени фабрики, трошоците за самото производство се релативно мали, околу 15 милиони долари, но трошоците за истражување развој може да достигнат до 100 милиони долари.

Топ ИндиКар екипа – 3 милиони долари

Шасиите од производителот Далара се набавуваат за 345 илјади долари, а аеродинамичките пакети кои се индивидуални за секоја патека се дополнителни 150-200 илјади долари годишно. Просечно се потребни три шасии годишно за секој пилот.

f indi2

Мотор

Топ Формула 1 екипа – 130 милиони долари

Ферари и Мерцедес, како единствени екипи кои сами си го развиваат и произведуваат моторот, може да потрошат и до 100 милиони долари за таа цел. Но, тие ги снабдуваат и другите тимови со агрегати, што чини околу 13 милиони долари на годишно ниво.

Топ ИндиКар екипа – 2 милиони долари

Хонда и Шевролет ги снабдуваат со мотори ИндиКар тимовите и за таа услуга наплаќаат по околу 1 милион долари годишно, за пакет од осум мотори.

Тестирање

Топ Формула 1 екипа – 15 милиони долари

Овој износ е трикратно намален во последниве години поради забраната за тестирање која е на сила само поради намалување на трошоците.

Топ ИндиКар екипа – 1 милион долари

Типичен ИндиКар тим троши не повеќе од 1 милион долари годишно за оваа цел.

Возачи

Топ Формула 1 екипа – 50 милиони долари

Ферари годинава ги сруши апсолутно сите рекорди со својот возачки тандем кој го чини тимот неверојатни 76 милион идолари годишно (Фетел 50 милиони, а Кими 26 милиони). Мекларен плаќа околу 50 милиони за своите двајца возачи, а Мерцедес околу 45 милиони.

Топ ИндиКар екипа – 3 милиони долари

Водечките ИндиКар возачи наплаќаат не повеќе од 2 милиони долари годишно. Тие имаат богати награди од организаторите на трките. На пример, победникот на Инди 500 може „да кешира“ околу 2,5 милиони долари, но најчесто половина од наградата ја даваат на својот тим.

f indi3

Учество

Топ Формула 1 екипа – 3,3 милиони долари

Учеството односно котизацијата се наплатува по специфична формула од страна на ФИА. Така, на основната сума од 500 илјади долари се наплатуваат по 6 илјади долари за секој освоен поен во претходната сезона во конкуренција на конструктори и 5 илјади долари за секој освоен поен во претходната сезона во возачка конкуренција.

Топ ИндиКар екипа – 480 илјади долари

Кај ИндиКар се е поедноставно. 12 илјади долари чини учеството на еден болид на една трка. Во една сезона се возат 15-20 трки.

Гостопримство

Топ Формула 1 екипа – 13 милиони долари

Спонзорите кои даваат десетици, па и стотици милиони долари годишно во спортот, очекуваат најдобар третман кога имаат свои претставници на тркачкиот викенд. Оваа „галант“ ставка кај еден Формула 1 тим често може да биде колку цел буџет на ИндиКар екипа.

Топ ИндиКар екипа – 1 милион долари

Врвот во ИндиКар е трошењето на 200 илјади долари за оваа цел на легендарен настан како што е на пример Инди 500, но на другите трки таа сума е драстично помала.

Главни добавувачи

Топ Формула 1 екипа – бесплатно

Ова е единствената ставка во компарацијата каде Формула 1 „штеди пари“. Поради маркетинг и престиж, огромни компании ги снабдуваат екипите бесплатно со своите производи, а како возврат добиваат статус на „партнер на екипата“. Ферари на пример по овој основ добива производи од Шел (гориво), СКФ (лагери), НГК (свеќици), Магети Марели (електроника) и Брембо (кочници).

Топ ИндиКар екипа – 1 милиони долари

Типичен ИндиКар тим троши околу 1 милион долари на годишно ниво за набавка на овие пропратни делови за тркање.

Друго

Топ Формула 1 екипа – 140 милиони долари

Топ ИндиКар екипа – 3,5 милиони долари

Оваа ставка ги вклучува патувањата, платите на целокупниот персонал и фабриките.

Извор: круг.мк

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП