8 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на карикатури на тема „Снаа - свекрва“ во Куманово

Изложба на карикатури на тема „Снаа – свекрва“ во Куманово

Image (46)

Изложбата на карикатури на тема „Снаа – свекрва“ ќе биде отворена во четврток, со почеток во 20 часот, во Изложбениот салон на  Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово. Се работи за меѓународниот конкурс „Невестинско поклонение“,  а на изложбата ќе бидат претставени 50-те најуспешни трудови.

Меѓународниот конкурс за карикатура „Невестинско Поклонение“ е придружна манифестација на Културната манифестација „Невестинско Поклонение на Св. Теодор Тирон“ што традиционално се одржува во чест на празникот Тодорова сабота/недела  во селото Конопница – Крива Паланка.

Идеен творец на манифестацијата „Невестинско Поклонение” и автор и координатор на меѓународниот конкурс за карикатура е гравичкиот дизајнер, хералдички уметник и фотограф Стојанче Величковски од село Конопница. Покровител на културната манифестацијата е Општина Крива Паланка.

Културната манифестација е возобновена врз основа  на народниот обичај кој се реализира на тој начин што сите млади невести кои што ќе склучат брак меѓу две Тодорови саботи со векови доаѓале заедно со своите свекрви, во народна носија на на невестинското поклонение за да добијат благослов од свештенослужителите за род, пород, слога и среќа во семејството.

Од самиот почеток на културната манифестација „Невестинско Поклонение“ која се одржува секоја година (ден по Тодорова сабота) беа востановени две придружни активности, избор на најубав посен зелник и најубава сливова ракија.

Во чест на културната манифестација „Крива Паланка – град на културата 2013“ првпат беше распишан меѓународниот конкурс за карикатура на тема „Снаа – Свекрва“ на кој пристигнаа 187 дела од 87 автори од 30-тина земји од светот.

Во 2014 година, еминентното жири во состав Милан Алачевич (Словенија), Јовчо Савов (Бугарија), Јодран Поп-Илиев и Никола Ангелкоски, градоначалникот на општина Крива Паланка во својство на покровител, Стојанче Величковски во својство на автор на конкурсот и директорот на Музејот Драган Величковски, член на жири комисијата одлучија  победник и освојувач на трофејот „Невестулка“ за 2014 да биде Ириен Трендафилов од Бугарија, втората награда ја освои Дамир Новак од Хрватска, третата Фарзане Вазири Табар од Иран. За првпат годинава е доделена плакета за најдобра колекција која му припадна на Олег Гутсол од Украина, додека специјални награди ќе добијат Горан Челичанин и Уралскиот клуб на карикатуристи „Брусница“ кој зеде колективно учество на конкурсот. Дваест автори коишто се пласираа во финалниот избор ќе добија признанија за особено успешни трудови.

Од сите пристигнатите дела од еминентни светски карикатуристи, направена е селекција на 100 најдобри карикатури кои се отпечатени во формат А-3 каширани на картон ои промотивно беа изложени пред јавноста на 8-ми октомври 2013 во чест на празникот на градот Крива Паланка, во Радовиш во рамките на Радовишкото културно лето, а во 2104 излошбата беше отворена на 25 август во Крива Паланка, како и централна изложба која беше организирата во Галеријата при домот на АРМ од 13 до 26 февруари 2015 година.

Заради врвните резултати конкурсот за 2015 година е влезен во Националната програма на проекти од областа на културата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП