28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрозданов: Македонија да избере наука и развој, а не лажен еко-популизам

Грозданов: Македонија да избере наука и развој, а не лажен еко-популизам

Македонија мора да се води по примерот на Европа и да ги искористи своите минерални ресурси за економски развој, а не да дозволи манипулации од самопрогласени еколошки активисти, порача Виктор Грозданов во својата колумна „Европа и развој или еко популизам“.

„Наместо да ги слушаме активистите со скриени агенди, време е да се водиме од научни факти, економска логика и стратешки интереси на Македонија“, истакнува Грозданов.

Тој предупредува дека зад загриженоста за животната средина често стојат интереси за ретки метали, додавајќи: „Одговорот е едноставен. Ги бараат ретките метали.“

Грозданов апелира јавноста да биде внимателна: „Јавно повикувам СТОП на несериозни личности кои викаат ‘нашите’ експерти на кои никој не им знае имињата и титулите.“

Според него, Македонија има шанса да биде дел од европските текови за индустриски напредок — но само ако се избере патот на вистината, науката и стратегијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП