16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција и руски ‘Газпром’ договорија работна група за гасоводот

Грција и руски ‘Газпром’ договорија работна група за гасоводот

grcija-rusija

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и директорот на рускиот енергетски гигант „Газпром“, Алексеј Милер, во вторникот во Атина договорија формирање на работна група за гасоводот под работно име ‘Турски тек’, со кој рускиот природен гас би требало преку Турција и северна Грција да се транспортира во Европа.

Руско-европски конзорциум може да го изгради продолжувањето на „Турски тек“ преку Грција, а за реализација на овој проект планирано е да се привлечат 2 милијарди евра, изјави челникот на „Газпром“, Алексеј Милер.

„Грчката влада го поддржува проектот за изградба на гасоводни објекти од границата со Турција. Проектот може да биде реализиран од руско-европски конзорциум“, изјави за медиумите Милер по средбата со Ципрас, пренесува агенцијата РИА.

Според Милер, досега европски компании пројавиле интерес за учество во проектот и истакна дека тој ќе се спроведува исклучиво според европското законодавство. Рускиот претседател Владимир Путин на крајот од 2014 година објави во Турција дека Москва се откажува од планираниот гасовод „Јужен тек“, кој требаше да го довезе рускиoт гас по дното на Црното Море до Бугарија, а оттаму до централни земји членки на Европската унија, обвинувајќи ја Европската комисија за попречување на реализацијата на проектот. Наместо тоа, гасоводот „Турски тек“ ќе го носи гасот до турско-грчката граница и со него од 2017 година рускиот гас би требало да се транспортира во Европа.

„Нема сомневање дека руско-европски конзорциум ќе успее да ги привлече во целосен обем неопходните финансии за изградба на гасоводот на територијата на Грција, од две милијарди евра. Руската страна, односно ‘Газпром’, гарантира дека низ територијата на Грција ќе се транспортираат до 47 милијарди кубни метри гас, и тоа ќе и овозможи на грчката страна да привлече дополнителни комерцијални кредити за реализација на други проекти во Грција“, прецизира Милер.

Грчката агенција ANA, пак, пренесува дека Ципрас и Милер се договориле следните месеци да работата на изработка на насоки, коишто ќе ги прецизираат должностите на двете страни во врска со споменатиот проект. Извори од грчката влада рекле дека Атина се надева оти спогодбата ќе биде потпишана наскоро.

Проектот „Турски тек“ предвидува изградба на гасовод со моќност од 63 милијарди кубни метри гас годишно, исто обем како и напуштениот проект „Јужен тек“, од Русија во Турција преку Црното Море. Цевководот во должина од 1.100 километри ќе се состои од четири фази, и до турско-грчката граница ќе донесе до 47 милијарди кубни метри гас. Се планира дека на границата меѓу Турција и Грција да се изгради гасоводен хаб, а земјите од ЕУ заинтересирани за учество во гасоводот ќе треба самостојно да го реализираат капацитетот за натамошен транспорт и прием на гасот на својата територија.

Од друга страна овој проект има голема важноста за Грција којашто се надева на привлекување финансии зашто и се заканува скора неликвидност, банкрот и можно излегување од еврозоната.

Москва изминатиот викенд ги демантираше пишувањата на некои германски и грчки медиуми дела веќе во вторник може да потпише со Грција договор за гасовод со кој во касата на владата во Атина би се слеале 5 милијарди евра. Германскиот,

Германскиот неделник Der Spiegel, објави наведувајќи како извор висок функционер во владејачката грчка коалиција на радикалната левица Сириза, дека споменатиот договор меѓу Русија и Грција би можел да биде потпишан уште во вторник и дека предзаемот од Русија би можел да биде спас за Атина на којашто има се помалку време за да ја осплати доспеаната транша од заемот од ММФ и да го избегне банкротот. Грчкиот министер за енергетика минатата седмица најави дека Атина на Москва би ѝ го вратила заемот по 2019 година, кога се очекува ставање на гасоводот во целосно функционирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП