24 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо светскиот тренд за практикување на зелена градба до 30% заштеда на...

Со светскиот тренд за практикување на зелена градба до 30% заштеда на електрична енергија и вода

va

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Македонскиот совет за зелена градба и Бизнис Центарот на Скопски Плански Регион, организираа настан на тема: „Енергетска ефикасност во градежништвото – Зелена градба“. 

На настанот компаниите членови на ССК, пред се од градежниот сектор во соработка со општините од Скопски Плански регион и надлежните институции дискутираа на теми за заеднички да придонесат во промоција и поголема примена на енергетска ефикасност – зелената градба во градежништвото.

Извршниот директор на ССК, Митко Алексов, изјави дека зелената градба e светски тренд преку кој се зголемува свеста кај компаниите и граѓаните, во праксата од европските држави излегоа резултати од кои трошоците за живот се значително намалени, а во исто време се намалува влијанието врз животната средина, предизвик со кој и Македонија се соочува во последните години.

Трошоците при зелена градба се само од 1 до 5 % повисоки и корисникот на станбениот или деловниот простор преку заштедите кои ќе ги оствари, ги враќа овие средства во првата година, бидејќи заштедата на електрична енергија е околу 30%, додека на вода околу 40% на годишно ниво“, изјави Алексов.

Македонскиот совет за зелена градба, од формирањето во декември минатата година активно работи на исполнување одредени стандарди и процедури за пристапување во најголемата светска мрежа на организации во која членуваат над сто национални совети за зелена градба од целиот свет. Со членството во Светскиот совет за зелена градба (World Green Building Council), Македонскиот совет за зелена градба дополнително ја зацврстува лидерската позиција во создавањето на нови трендови во градежништвото, како и  подигње на  јавната свест на национално ниво за промовирање на праксата и технологијата на зелена градба.

Преку контактите со тамошните светските лидери на ова поле, се отвора можност за споделување и размена на идеи и ресурси со регионалните и светските мрежи за зелена градба. Така ќе имаме уникатна можност во пренесување на најсовремени искуства во нашата земја, во одржување на стручни обуки, семинари, се со цел да се рашири зеленото делување, кое е светски тренд. Исто така, ќе имаме можност и за учество и делување во проекти на глобално ниво“, изјави Сеад Кочан, претседател на Македонскиот совет за зелена градба и додаде дека целта на Светскиот совет за зелена градба е да создаде глобална заедница на лидери во зелена градба, управувани на национално ниво, кои преку заедничко делување ќе имаат поголем кредибилитет, подобар пристап до ресурси, а со тоа и поголемо влијание во трансформација на градежниот сектор кон поголема одржливост.

va

На настанот се обрати и директорот на Центарот за развој на Скопскиот Плански Регион, Анета Лозаноска Раввлинсон, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски, државниот секретар во министерство за локална самоуправа, Билјана Цветановска Гугоска, како и експерти од областа на заштита на животната средина.

Концептот на зелена градба е од огромно значење не само за градежниот сектор туку и за секој граѓанин на Република Македонија, бидејќи значително го подобрува квалитетот на живот, влијае врз подобрување на сигурноста и здравјето на човекот како и на животната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП