17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТехнолошкиот сектор го предводеше растот на Волстртит

Технолошкиот сектор го предводеше растот на Волстртит

Wall-Street1

Цените на акциите значително пораснаа во понеделникот со оглед дека инвеститорите се надеват на добри деловни резултати на технолошките компании и на стабилизација на растот на кинеската еконоија по новите монетарни мерки.

Dow Jones зајакна 208 поени или 1,17 отсто, на 18.034 поени, додека S&P 500 порасна 0,92 отсто, на 2.100 поени, а Nasdaq се намали на 1,27 отсто, на 4.994 поени.

Најмногу вчера, за 1,8 отсто, скокна  S&P индексот на технолошкитот сектор бидејќи инвеститорите се надеваат дека компаниите, како што се Apple, Google, Microsoft, IBM и Facebook оваа недела ќе известат за подобри деловни резултати од што очекуваа аналитичарите.

Најмногу вчера скокна цената на акцијата на IBM, за 3,4 отсто, а следеше Apple, со раст од 2,3 отсто.

„Неколку технолошки компании, како на пример Intel и Netflix минатата недела објавија подобри резултати од очекуваното, па инвеститорите се надеваат дека и другите компании ќе ги надминат проценките. Но, кревањето на цените на нивните акции е опасно бидејќи би можел да уследи остар пад, доколку компаниите не ги исполнат очекувањата, вели Доналд Селкин, стратег во National Securities.

По затврорањето на пазарот, IBM вчера извести дека во изминатото тромесечје неговите приходи паднале веќе 12 квартали по ред и тоа за 12 отсто во однос на истиот период лани. Сепак, добивката на технолошкиот гигант била подорба од очекувањаа, па цената на IBM во продолженото тргување падна само 0,2 отсто, откако во редовното тргување скокна 3,4 отсто.

Од компаните кои досега ги објавија деловните извештаи, околу 76 отсто од нив остварија поголема добивка од очекуваното, што е над просекот од 70 отсто во претходните четири квартали. Но, што се однесува до приходите, само околу 46 отсто од компаниите ги надминаа очекувањата, што е под просек од 58 отсто остварен во претходните четири квартали.

Тоа покажува дека компаниите успеваат да ја одржат добивката, но со зголемување на приходите и ширење на работата, туку со намалување на трошоци.

А поради високиот курс на доларот, што ги нагризува приходите и добивката на американските мултинационални компании од странските пазари, и ниските цени на нафтата, аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека добивките на компаниите од составот на S&P 500 индексот во минатиот квартал паднале за 2,6 отсто во однос а истиот период лани.

Приходите, според проценките, би можеле да паднат за 2,8 отсто, што би бил најлош квартал од третиот тромесечје во 2009 година.

Сепак берзата е стабилна бидејќи аналитичарите обично проценките ги поставуваат многу ниско па на компаниите им е полесно да ги надминат, што остава простор за раст на акциите.

Позитивно на берзите вчера влијаеше и веста дека кинеската централна банка ја намали стапката за издојување на задолжителна резерва на банките од 19,5 на 18,5 отсто. Тоа е веќе второ намалување на стапката во последните два месеца, со што монетарните власти се обидуваат да го поттикнат кредитирањето, а со тоа и раст на економијата.

Овој потег беше очекуван, со оглед дека растот на втората по големина светска економија веќе подолго време забавува. Кинескиот БДП во првиот квартал порасна за 7 отсто во однос на истиот период лани, што е најмал раст за шест години.

И на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,82 отсто, на 7.052 поени, додека франкфуртски DAX скокна 1,74 отсто, на 11.891 поен, а париски CAC 0,86 отсто, на 5.187 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП