25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на романот „Од магла на југ до месечина на север“

Промоција на романот „Од магла на југ до месечина на север“

Untitled

Промоција на романот „Од магла на југ до месечина на север“ од Виктор Петрески во издание на „Култура“ ќе биде направена во понеделник, во Галеријата на МКЦ со почеток во 19 часот.

Делото ќе го претстави драматургот Сашо Димоски, извадоци од романот ќе интерпретираат актери од Театар „Чекори“.

Романот претставува спој на сите светови на авторот, каде искуството од професионалниот ангажман го користи за да креира стил кој е конкретен, концизен и со цел на читателот да му се доловат сите чувства на едноставн начин што ќе го направи неизбежно соживувањето на читателот со приказната и ликовите. Инспириран од историските настани на 20-тиот век, како и од вековната човекова борба за остварувањето на своите соништа и идеали, романот ќе го прошета читателот низ многу светли и темни улици и сцени, каде ќе биде прикажана природата на човечкото битие од љубов и топлина до брутални злосторства кои ќе го занемат читателот.

Виктор Петрески е дипломиран електроинжинер, роден 1991 година во Скопје, по професија е брокер. Вистинската животна страст од мали нозе му е уметноста. Уште од сновно училиште пишува кратки раскази со научно-фантастична тематика, за подоцна да продолжи со раскази за кои инспирацијата ја црпи од  националната историја. Дел е од актерската екипа на Театар „Чекори“ од Скопје.

За романот „Од магла на југ до месечина на север“ ја доби втората награда на конкурсот „Романијада“  на издавачката куќа Култура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП