3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСе отвора новиот книжевен центар „Антолог“

Се отвора новиот книжевен центар „Антолог“

Image (25)

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје објави дека денес официјално ќе се отвори нивниот прв јавен простор во 16-годишното постоење.

Книжевниот центар „Антолог“ на улица „Ѓорѓи Пулевски“ број 29 во Дебар Маало е замислен како изложбено-продажен салон во кој, освен книгите на „Антолог“, посетителите ќе може да присуствуваат и на различни настани од областа на културата и уметноста. Работните часови се од 10-18ч.

Во чест на отворањето, „Антолог“, во првите три дена, 20-22 април, ќе понуди попуст од 20-50 отсто на сите изданија, а првите сто купувачи ќе добијат и подарок. Меѓу другото, во текот на овие денови свои книги ќе потпишуваат писателите за деца и возрасни од повеќе генерации: Велко Неделковски, Александар Кујунџиски, Наум Попески, Сузана В. Спасовска, Душко Крстевски, Анета Попова, Ѓоко Здравески, Исток Улчар, Сузи Тенева, Гаврило Миловановиќ, Ацо Гогов, Сотир Ристо, Димитри Соле Љубин, Андреј Ал-Асади, Стефан Велковски, Живко Грозданоски, Борис Митковски и други, а преведувачките ќе го споделат своето лично искуство за книгите што ги преведувале.

„Можеби се прашувате од каде идејата да отвориме книжевен центар кој не е во строгиот центар на градот? Ако размислите, ќе заклучите дека токму најважните нешта во животот – мудроста, карактерот, љубовта, вистинскиот пријател, ретко ни биле на дофат на раката. Тоа е и нашата философија. Како кога на драгите луѓе им велите ’За тебе би отишол до крајот на светот!‘“, вели Жарко Кујунџиски, главен и одговорен уредник на ова книгоиздателство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП