26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоси победи во Аргентина

Роси победи во Аргентина

Rossi of Italy gestures after crossing the finish line and winning Argentina's MotoGP Grand Prix in Termas de Rio Hondo

Деветкратниот светски шампион Валентино Роси победи на третата сезонска трка во кралската класа во Мото ГП шампионатот, Големата награда на Аргентина.

Популарниот ‘Доктор’ на патеката во Аргентина стигна до својата сезонска победа, вкупно 110-та во кариерата. Роси до победата стигна по големата борба со актуелниот шампион Марк Маркез кој на крајот излета од патеката.

Возачот на Јамаха во пследните десет кругови надомести десет секунди од предноста на ривалите, а кога успеа да го мине Маркез, младиот Шпанец се обиде да возврати но удри во мотоциклот на Роси и излета од патеката.

Второто место во Аргентина го освои Андреа Довициозо на Дукати додека трет беше Кал Кралчоу на ЛЦР Хонда.

По три трки во превенството води Роси со 66 бода, шест повеќе од Довициозо, додека трет е Андреа Јаноне со 40 бодови.

Наредната трка во кралската класа ќе се вози на 3.мај во Херез, Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП