19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХамилтон победи во Бахреин

Хамилтон победи во Бахреин

150419141628-motorsport-hamilton-wins-bahrain-gp-exlarge-169

Луис Хамилтон победи на четвртата трка во шампионатот во Формула 1, Големата награда на Бахреин. Британецот на патеката Сакир триумфираше со време од 1:35:05.809 часа.

Британецот во Бахреин ја забележа третата победа оваа сезона, вкупно 36-та во кариерата.

Хамилтон трката во Бахреин ја стартуваше од пол позицијата која не ја испушти до крајот иако во текот на самата трка не успеа да создаде некоја поголема предност во однос на конкурентите.

Второто место го освои Кими Раиконен кој веројатно ја извозе својата најдобра триак од враќањето во Ферари. Финецот имаше добра тактика, а во текот на трката максимално ги искористи грешките на тимскиот колега Себастијан Фетел и Нико Розберг од Мерцедес кого го мина во претпоследниот круг.

Германецот во Мерцедес заврши на третото место, а бодови уште освоија Ботас Вилијамс) , Фетел (Ферари), Рикардо (Ред Бул), Грожан (Лотус), Перез (Форс Индија), Квјат (Ред Бул) и Маса (Вилијамс).

Во шампионатот на Формула 1 следува тринеделна пауза, а петтата трка ќе се вози на 10.мај во Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП