3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗапочна манифестацијата „Неделата на книга” во Велес

Започна манифестацијата „Неделата на книга” во Велес

knigi-2-650x396

„Неделата на книга”, од четврток официјално започна во Велес. Манифестацијата е во организација на Клуб Матица, Народниот театар, а поддржана е од Општина Велес.

Организаторите ветуваат многу возбудливи наслови. Велешани ќе имаат можност од 16-ти до 18-ти април да си ги купат омилените книги, а со тоа да помогнат да се соберат средства со кои ќе се купат книги и ќе се донираат во Библиотеката „Гоце Делчев” во Велес.

„Народниот Театар ’Јордан Хаџи Константинов-Џинот’, како домаќин на овој саем на книга е почестен од можноста да придонесе кон зголемување на љубовта кон пишаниот збор. Ова е можност Велешани да го посетат Народниот театар, да уживаат во книгите и претставите кои ги имаме периодов. Денес ќе може премиерно да се погледне ’Амбивалентност’ дел од Танц Фест, петок е резервиран за ’Сите Мои Слики’, повторно дел од Танц Фест, а сабота, 18-ти април граѓаните ќе може да ја погледнат ’Сон на Летната Ноќ’, гостување на Турскиот Театар”, изјави Јордан Витанов, директор на Народниот Театар.

„Сметам дека овој настан е од големо значење за Велешани, пишаниот збор и достапноста на книгите. Овие три дена, од 16-ти до 18-ти април во Велес ќе може секој да си ги купи омилените наслови, а со тоа да допринесе кон богата полица со книги дома, така и во Библиотеката во Велес”, изјави Дејан Павлески, директор на Матица.

Од четврток до сабота, саемот за книга ќе биде отворен од 10 часот до 22 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП