23 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЈане Коџабашија победи на третиот конкурс за музиколошки труд распишан од СОКОМ

Јане Коџабашија победи на третиот конкурс за музиколошки труд распишан од СОКОМ

C5EA569AFDA9E14D9FDC2E4BBE464FC3

Трудот пристигнат под шифра „Кукузел“ со наслов „Нови сознанија за потеклото на Кукузел“ од авторот д-р Јане Коџабашија, победи на третиот конкурс за музиколошки труд, што го распиша Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ).

Комисијата во состав: Марко Коловски – музиколог, Мирјана Шулајковска-Павловска – музиколог и Александар Пејовски – композитор, по внимателното разгледување на пристигнатите музиколошки трудови едногласно заклучи дека текстот на д-р Јане Коџабашија, според структурата, употребените методолошки постапки, степенот на иновативноста во толкувањето на потеклото на големиот средновековен мелург и музички творец, целосно заслужува да биде прогласен за победник на овој конкурс.

Овој текст, освен што користи мноштво податоци од различни светски медиевисти, низ една компаративна анализа наметнува нови видувања на можното потекло на Кукузел и претставува придобивка и за македонската и за светската музиколошка литература што го третира ова прашање.

Комисијата, исто така, ценејќи ги дострелите во трудот “Јана Андреевска-првата македонска композиторка“, заклучи овој текст да биде откупен.

Авторите Ангелина Димовска и Тина Иванова преку, или, подобро – пред анализата на делото на Андреевска „Дали сум сокол, бура или бескрајна песна“, промовираат интересни гледишта за причините на помалото присуство на жените – композиторки во светското музичко творештво. Самиот труд, освен овие два централни столба дава и мноштво други податоци за композиторката Јана Андреевска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП