11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТензиите на Блискиот исток и намаленото американско производство ги поткрепија цените на...

Тензиите на Блискиот исток и намаленото американско производство ги поткрепија цените на нафтата

nafta 93939

Цените на барел сирова нафта пораснаа во средата на меѓународните пазари кон нивото од 59 американски долари за барел, поткрепени од продолжените напнатости на Блискиот исток и сигналите за намалувањето на американското производство од шкрилци.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 53 центи во однос на затворањето на тргувањето во вторникот, на 58,96 долари. На американскиот пазар, пак, со барел сирова нафта се тргуваше по 54 центи повисока цена, по 53,83 долари. Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC), пак, објави дека цената на барел од референтната кошничка нејзина нафта во вторникот изнесувала 55,91 долари, односно останала речиси непроменета во однос на тргувањето во понеделникот.

Нафтените пазари беа поддржани од несигурноста на Блискиот исток, особено од продолжувањето на вооружениот судир во Јемен. Саудиска Арабија ги предводи воздушните напади на коалицијата на сунитските арапски земји од Персискиот залив врз главно шиитските бунтовници, на што може да се надоврзе и копнена воена интервенција откако Египет објави дека со земјите од регионот разговарал за воени маневри.

Дополнителна поддршка на цените на нафтата им даде податокот дека производството на нафта во сојузната американската држава Северна Дакота во февруари паднала за 15.000 барели дневно споредено со јануари, и покрај рекордниот број дупчења. Овој податок се надоврза на прогнозата на американската влада дека производството на нафта од шкрилци во мај ќе се намали за 45.000 барели дневно, на 4,98 милиони барели на дневно ниво. Со тоа производството би се намалило првпат во последните четири години, се истакнува во анализата на Reuters.

Од Меѓународната агенција за енергија (IEA), пак, предупредуваат дека рамнотежата меѓу понудата и побарувачката може да потрае подолго отколку што досега се очекуваш, имајќи предвид дека снабдувањето расте побрзо од побарувачката. Во извештајот објавен во средата беше објавено дека производството на членките на OPEC во март скокнала на 31,02 милиони барели дневно, близу највисокото ниво во последните две години, надминувајќи го растот на побарувачката.

„Оттаму актуелните случувања би можеле да го доведат под знак прашање очекувањето за урамнотежената понуда и побарувачка на пазарот од средината на годината“, се истакнува во извештајот на IEA.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП