19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДаниел Денковски добитник на наградата најдобар млад научник за 2014-та

Даниел Денковски добитник на наградата најдобар млад научник за 2014-та

Image (13)

Даниел Денковски од Куманово, магистер по електротехнички и информатички технологии, е најдобар млад научник за 2014-та година, признание за врвни научни достигнувања кое го доделува претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.

„Како претседател на Република Македонија, но пред сè како универзитетски професор, во секој поглед ја поддржувам науката. Затоа и го почнав проектот ’Најдобар млад научник’, затоа сме денес тука, бидејќи цврсто веруваме дека инвестирањето во науката не е трошок, туку влог во развојот на државата“, рече претседателот Иванов.

Признанието се доделува петта година, со цел да се поттикне развојот на научната и истражувачката мисла, со особен акцент на младите македонски научници до 30-годишна возраст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП