27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКХВ даде согласност за задолжителната котација на Берзата

КХВ даде согласност за задолжителната котација на Берзата

komisija-za-hartii

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, даде согласност на Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, со кои се воведуваат уште два подсегменти на Официјалниот пазар, и тоа Задолжителна котација и Котација на мали акционерски друштва.

Согласноста КХВ ја даде на седницата со која претседаваше претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија – Елизабета Чингаровска.

Основната цел на воведувањето на уште два подсегменти на Официјалниот пазар е преку зголемена транспарентност на долг рок да се стимулира поголема понуда на нови хартии од вредност, а сето тоа во насока да се раздвижи пазарот на хартии од вредност, да се обезбеди поголема атрактивност за потенцијалните инвеститори, како и да се постигне поголема ликвидност.

Како критериуми за котирање на подсегментот Задолжителна котација се предвидени ревидирани финансиски извештаи за последните две години, номинален капитал во износ од 1.000.000 евра, најмалку 1 отсто распространетост на родот на акциите во јавноста и најмалку 50 акционери.  Акционерските друштва кои ги исполнуваат овие услови, задолжително ќе котираат во период од пет години.

– Со оваа економска реформа расте бројот на компании што ќе котираат на Македонската берза АД Скопје, со што се зголемува транспарентноста за нивното работење и  може да се очекува да се прошири изборот на потенцијални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност за инвестирање, што во минатото, а особено во услови на динамизирање на пазарите на капитал, се покажа како вистински чекор, се наведува во соопштението од КХВ.

Како критериуми за подсегментот Котација на мали акционерски друштва се предвидени ревидирани финансиски извештаи за последната година и најмалку 250.000 евра капитал. Овој подсегмент постои во речиси сите развиени пазари на капитал, со цел да им се даде можност на малите друштва да се претстават на пазарот на хартии од вредност. Со ова се овозможува потенцијалните инвеститори да се запознаат со перформансите на малите акционерски друштва, а тие пак добиваат шанса да прибираат свежи парични средства преку издавање акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП