26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРеконструкцијата на големата сала на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп во полн...

Реконструкцијата на големата сала на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп во полн ек

Image (9)

Во полн ек е реконструкцијата на големата сала на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Комплетното внатрешно реновирање се состои од претапацирање на  600 седишта, промена на подот, бојадисување на ѕидовите, уредување на сцената и нов систем за затоплување.

Со реконструкцијата ќе бидат опфатени 900 метри квадратни. Средствата за реновирањето на салата, што се врши по 36 години од изградбата на објектот, ги обезбеди Министерството за култура, односно Владата на Р.Македонија.

Реновирањето го врши фирмата ДЕНИ компани, а вкупната сума е околу три милиони денари, велат од ЦК „Марко Цепенков“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП