13 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВидот можат да го нарушат лековите за акни и недостатокот на витамин...

Видот можат да го нарушат лековите за акни и недостатокот на витамин Д

16310829675526889721fbc845548239_w640

Синото светло од компјутерите и мобилните предизвикува сувост на очите, недостатокот на сончева светлина доведува до кратковидост, а замаглениот вид е првиот знак за дијабетес.

Недостатокот на витамин Д предизвикува проблеми со видот

Освен зрачењето на екраните, проблемите со видот можат да бидат последица и од недостатокот на витамин Д. Студиите потврдија дека лицата кои ја внесуваат препорачаната дневна доза на витамин Д имаат за 44 проценти помал ризик од макуларна дегенерација, болест на централниот дел на мрежницата на окото која го уништува централниот вид, а најчеста е кај повозрасните лица.

Ноќниот вид го подобруваат боровинките

Главниот виновник за лош ноќен вид е оксидативниот стрес, а тоа може да се спречи со боровинки. Тие содржат антоцијан кој го подобрува ноќниот вид и го зголемува протокот на крв во очите. Проблеми со видот предизвикуваат и лековите против акни.

Матниот вид е прв знак за дијабетес

Заматениот вид може да биде еден од првите знаци за дијабетес тип 2. Оваа болест го спречува дотокот на крв во деловите од рожницата, што може да предизвика слепило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП