19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНовата сезона „Игри на престолите“ започнува истовремено во 170 земји

Новата сезона „Игри на престолите“ започнува истовремено во 170 земји

gameofthronesseasonfive

Петтата сезона од популарната телевизиска серија „Игри на престолите“ ќе започне да се емитува во недела навечер истовремено во 170 земји во светот.

Популарноста на оваа фантастична средновековна сага е огромна, поради што телевизиската мрежа „HBO“ секоја од десетте епизоди од петтата сезона одлучи да се прикажува во исто време во сите 170 земји во коишто се емитира без оглед на временската разлика.

Така, новата сезона ќе стартува во неделата во 21 часот на источниот американски брег, односно во три часот наутро во понеделник во Европа. Базирана на делата на Џорџ Р.Р Мартин, оваа серија се снима во Хрватска, Ирска и Шпанија.

Притоа од „HBO“ најавија жестоко справување со пиратеријата. „Игрите на престолот“ во 2014-та година, трета година по ред, беше серија со најмногу нелегални „симнувања“, односно со дури осум милиони, објави ресурсот „TorrentFreak“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП