2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочнува фестивалот Танц Фест

Почнува фестивалот Танц Фест

tanc-fest

Во рамките на фестивалот Танц Фест, во среда и четврток, од 19 часот, на сцената „Зебра“ во оф-програмата ќе се одржи отворен ден на „Танц фест“, со учество на танцови студија од цела Македонија.

Настап ќе имаат балетско студио „Анабела“, Велес, балетско студио „Ребис“, Скопје, и Рисимкин истражувачки центар, Скопје. Во четврток ќе настапат танцово студио „Fusion“, Куманово, “Good girls” танцова група при СОС Детско село, Скопје и хип хоп групата „Beatrix“, Скопје.

Со премиера на „Скопје танцов театар“, со наслов „СМС (сите мои слики)“, ќе биде отворено годинашното издание на „Танц фест“ на 14 април, од 20 часот, на големата сцена на МНТ. Претставата е во кореографија и режија на уметничката директорка на фестивалот, Рисима Рисимкин, со која таа одбележува 35 години уметничка дејност. Музиката е на Дуке Бојаџиев, костимите на Благој Мицевски, сценографијата на Матеј Мијанович, шминка Небојша Пешевски.

Годинава ќе настапат танцови компании од Бугарија, Холандија, Кина а програмата ќе се отвива во Скопје и Велес.

Имено, на 15 и 16 април на сцената на Народниот театар, Велес ќе се одржи ТАНЦЛАБ меѓународниот натпревар на кореографи а годинава имаме учесници од Германија, Холандија, Израел,САД, Полска, Белгија, Турција, Велика Британија и Македонија. Ќе ги оценува жири комисија од земјава и светот. Најдобрите ја добиваат наградата “Златна и сребрена пеперутка”. Покрај натпреварот во велешкот театар ќе биде изведена премиерата „Амбивалентност“ на минатогодишниот победник на „Танцлаб“, Валентино Апостоловски.

На 18 април на малата сцена на  Македонска опера и балет  ќе настапат Нов танцов центар, Хаг и Ново танцово студио, Амстердам – Холандија.

“Отворена сцена” е програма на Новото танцово студио и Новиот танцов центар од Холандија каде кореографите добиваат шанса да ја покажат својата најнова кореографија. Како резултат на многубројните пријавени, програмата “Отворена сцена” е разновидна и со висок квалитет.Најдобрите кореографи од програмата имаат можност да го развијат и прошират нивното кореографско парче, удвојувајќи го почетното времетраење на истото. На избраните кореографи им се нуди место за проби и можност за еволуирање преку подучување.

Глен Вестфал (директор на Новото танцово студио во Амстердам) го започна овој проект во 2012 година во Амстердам.Во 2014 ја започнува соработката со Џоан ван дер Маст (директор на Новиот танцов центар во Хаг). Во моментов, најновата соработка е со Танц Фест Скопје.Поканети сме со нашите 3 талентирани кореографи и нивните танчери:Шон Клифорд, Ине Дубоа и Јагода Бробровска.

Од 20 до 26 април, од 10 до 17 часот, на сцената „Зебра“ ќе се одржува работилницата „Кунг фу и современ танц“ на „Кунг фу современата танцова компанија“ од Пекинг, Кина.

На 23 април во Младинскиот културен центар е претставата „Тивко оружје“ на „Дерида танцова компанија“ од Бугарија, на 25 април на сцената „Зебра“ е „Бигун“ од Софија, Бугарија, а наредниот ден на истата сцена е „Битрикс танцова лига“ од Македонија.

Фестивалот се затвора на 28 април на сцената на Народен театар-Велес, со извонредните „Драгон кунгфу современа танцова компанија“ од Пекинг, Кина. Боречките вештини покрај традиционален спорт во Кина, се и мошне ценето културно наследство.Танцот пак, претставува експресивна физичка уметност која се искажува со јазикот на телесни движења како средство за спроведување на “ментална интеракција”.“Кунг фу танц”, комбинација од боречки вештини и танц, е нов обид за интерпретирање на традиционалната култура и современата уметност во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП