2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМаџиров на конференција за пишување во САД

Маџиров на конференција за пишување во САД

nikola-madzirov

Никола Маџиров учествува на најголемиот книжевен настан во САД, „Конференцијата на Асоцијацијата на писатели и програми за пишување” (AWP Conference) која се одржува 48 години по ред, овој пат во Минеаполис од 8 до 11 април.

Маџиров ќе настапи на панел дискусијата „Поезијата на преведувањето”, како и на еден од најпосетените настани „Пејџ митс стејџ” (Page Meets Stage), кој 10 години привлекува огромно внимание, поради тоа што на него учествуваат добитници на Пулицеровата награда, на иста сцена со припадници на алтернативните поетски текови во Америка.

Конференцијата вклучува над 550 настани и околу 12.000 посетители. Читањата на Маџиров се меѓу неколкуте избрани настани кои ќе се снимат и документираат во богатата архива на американската Асоцијација на писатели.

Ова учество доаѓа по позитивните критики за американското издание на неговата книга, а во една од нив, добитникот на Пулицеровата награда, Марк Странд, напиша дека поезијата на Маџиров е како откривање нова планета во сончевиот систем на имагинацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП