2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСовремен балет на прославата за Велигден на плоштадот во Берово

Современ балет на прославата за Велигден на плоштадот во Берово

B

Општина Берово, за прославата за Велигден во недела, освен вообичаената програма за избор на најцрврсто и најубаво декорирано јајце за прв пат во Берово ќе настапи професионален современ балет.

„Целта е да понудиме нешто ново и невообичаено за нашиот град, досега граѓаните немаа можност на домашна сцена да уживаат во магијата на современиот балет. Концептот на прославата за Велигден ја дава таа можност и се надеваме дека нашите сограѓани и посетителите на Берово ќе уживаат во танцовата игра на големите уметници“, информираат од општината.

Балетската група ја предводи нашиот врвен балетан Трајче Стојковски кој до неодамна работеше во Македонската опера и балет, а сега е солист во Музикалниот театар во Бугарија. Со него настапуваат едни од најдобрите солисти од Софиската опера и Музикалниот театар од Софија. На концертниот репертоар е разновидна програма во која публиката ќе може да ужива во страсното танго, шпански танци, модерен балет, Кармен, Персиски ориентален танц, неколку дуети и соло изведба.

Прославата за Велигден не може да помине и без традиционалниот фолклор. Концерт ќе оддржат и културно уметничкото друштва „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во полн состав.

Како и секоја година на манифестацијата организирана од Општина Берово особено внимание привлекува традиционалниот избор на најцврсто Велигденско јајце во кој учествуваат над стотина граѓани.

На прославата на Велигден, големо внимание привлекуваат и изложбите на украсени велигденски јајца поставени од детската градинка и училиштата од Берово кои имаа хуманитарен карактер, па граѓаните ќе имаат можност да ги купат украсените јајца со што ќе донираа средства за хуманитарни цели.

Програмата ќе започне во 12 часот на плоштадот во Берово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП