21 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да се ослободите од непријатниот здив? (видео)

Како да се ослободите од непријатниот здив? (видео)

907844066551e507dcc756022616095_640x427

Според проценката на американските експерти, околу 60 проценти од населението на Земјата страда од холитоза, односно непријатен здив од устата. Но, како се појавува тој?

Судејќи според TED видео клипот чиј наратор е професорот Мел Розенберг, главната причина е активноста на бактериите во устата.

„Бактериите во устата се хранат со остатоците од храната, мртвите клетки и слузавите материи. За да ги апсорбираат нутриентите преку својата клеточна мембрана, потребно е пред тоа да ги разложат органските материи на мали молекули“, наведува Розенберг.

„На пример, протеините прво ќе ги разложат на аминокиселини, а аминокиселините на основните причинители. Последицата од овие реакции е непријатниот мирис, како водород сулфид и кадаверин кои се шират во воздухот“, додава Розенберг.

За овие процеси да ги сведете на минимум, потребно е да одржувате добра орална хигиена. Американското здружение на стоматолози советува да ги миете забите најмалку два пати дневно, да користите забен конец и редовно да посетувате стоматолог.

Одделни експерти исто така наведуваат дека и гумите за џвакање можат да помогнат бидејќи нивната состојка ксилитол спречува сушење на устата, а со самото тоа и претерано размножување на бактериите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП