28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАГитаристот Багески со концерти во Бугарија

Гитаристот Багески со концерти во Бугарија

d bageski24

Нашиот познат гитарист Дарко Багески, солист и професор на ФМУ – Скопје, ја почнува својата активна концертна сезона во 2015-та година, со учество на XIX Интернационален Фестивал и натпревар за класична гитара „Академик Марин Големинов“ – Ќустендил (Бугарија).

На овој фестивал кој ќе се одржи од 1-4 април, македонскиот гитарист Дарко Багески и бугарската гитаристка Стела Динкова ќе настапат како солисти со камерниот оркестар на операта од Благоевград (Бугарија) ,при што ќе го изведат популарното дело на познатиот италијански композитор Антонио Вивалди „Четири годишни времиња “ во преработка за две гитари и камерен оркестар од композиторот Петар Радевски (Бугарија).

Концертот ќе го диригира Красимир Топалов (Бугарија).

Меѓународната концертна сезона Багески ја продолжува со солистички концерти на интернационални фестивали кои ќе се одржат во Италија, Тајван, Црна Гора, Бугарија…

Во јули, тој ќе одржи солистички концерт во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија, а проектот е поддржан од нашето Министерство за култура.

Дарко Багески минатата година веќе имаше серија успешни концерти во Софија, Пловдив, Варна и Ќустендил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП